Македонија
19. August 2021 - 20:17

СДСМ нема да прави големи митинзи, вели Заев

Премиерот Зоран Заев рече дека ако паднат бројките на новозаразени ќе може да организираат поголеми  комуникации со граѓаните, а доколку не паднат нема да има големи масовни митинзи.

- Ние како Социјалдемократски сојуз секако нема да правиме големи митинзи. Големите собири ги правиме на соодветната дистанца, најмалку 1,5 метар, со раздалеченост, доволно присутни, нема групирања, нема гужви внатре за да може да ја испратиме пораката и повеќе ќе ве користиме вас медиумите за да ги испратиме пораките а граѓаните да можат да донесат посоодветни одлуки за себе, рече Заев во однос на предизборните собирања и митинзи.