СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им пречи уставното име, туку прогресот кон НАТО и ЕУ
Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.
На лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им нема крај. Самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.
Со ова паѓаат во вода сите лажни тврдења и манипулации на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕнемаат што да им понудат на граѓаните освен лажен патриотизам, блокади и деструкции и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.
Република Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка