Македонија
6. October 2022 - 8:43

СДСМ: На Мицкоски само тендерите му се во глава

Христијан Мицкоски деновиве тврди дека бил загрижен, за кризата и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, а од друга страна внатре во ВМРО-ДПМНЕ се кара за тендери и провизии.

Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија во криминал за тендер од 136 милиони евра и за провизии и со никакви фабрикувани лаги и конструкции, ниту со лажна загриженост за кризата, тоа не можат да го прикријат.

Мицкоски има шанса да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза, со своите бизниси со хидроцентрали, кои што се потврдени и официјални документи од институции.

Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?

Затоа што на Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните.

 

Центар за комуникции на СДСМ