СДСМ: Мицкоски сака обнова на криминалниот режим, но тоа нема да го види
Нема поголема пљачка од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски сака обнова на криминалниот режим но тоа нема да го види
Нема поголема пљачка на државата и граѓаните од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш Христијан Мицкоски не можеше да ја види, заслепен од своите бизниси со хидроцентрали добиени во време додека го советуваше Груевски како да ја поскапи цената на струјата за 100 отсто.
Знае Мицкоски што е најголемата пљачка тоа е скапоцениот дворец со скапоцената тераса од која добро се гледа мегакриминалниот проект Скопје 2014.
Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што парите не одат во скапоцениот дворец, туку се враќаат кај граѓаните, се инвестираат во патишта, водоводи, градинки, болници, училишта, за реални потреби на граѓаните.
Затоа Мицкоски е против изградба на нов, модерен Клинички центар, најголема гринфилд инвестиција во здравството.
Затоа Мицкоски е против „зелената нафта“, против повратот на ДДВ кај граѓаните, против повисоки плати и пензии, против секоја мерка која е во интерес на граѓаните.
Обновата на државата започна со падот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски сака обнова на криминалниот режим кој ги осиромашуваше граѓаните и државата, но тоа нема да го види.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата