СДСМ: Мицкоски останува анти ЕУ политичар, кој работи за туѓи интереси
Во време кога пред државата е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, Мицкоски прави сé да ја оддалечи земјата од ЕУ.
Мицкоски останува деструктивен политичар, кој го блокира остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ.
Со тоа Мицкоски работи и против македонскиот јазик во ЕУ, против интересите на граѓаните за подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до европските фондови.
Мицкоски, поразително и за неговата партија, одработува за туѓи интереси и против ЕУ.
Секој што сака да ја држи земјава надвор од ЕУ, изолирана, работи директно на штета на врвните национални и државни интереси.
Македонија, по 17 години чекање ги започна преговорите со ЕУ и сега потребно е забрзување на процесот со крајна цел полноправно членство во ЕУ до 2030 година.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата