СДСМ: Мицкоски лажно тврдеше дека бил советник на Груевски без надомест
Христијан Мицкоски, во телефонска изјава за еден национален медиум, самиот призна дека земал пари додека бил советник на Никола Груевски.
Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните. Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, земал пари од Буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.
Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, граѓаните плаќале 2 милиони денари за Христијан Мицкоски.
Без никаков срам кон оние од чии пари бил плаќан Мицкоски, кон граѓаните, на ТВ дуелот Мицкоски лажно тврдеше дека работел про боно односно без надомест. Вчера, Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, пари на граѓаните.
Го повикуваме Мицкоски да не се крие зад конфузни соопштенија од неговата партија туку да излеза пред граѓаните и да им се извини.
Христијан Мицкоски е должен да им се извини на граѓаните затоа што ги излажа.
Тоа е најмалку што Мицкоски може да го направи пред граѓаните, пред оние коишто го плаќале неговиот ангжаман како советник тежок 2 милиони денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра