СДСМ: Мицкоски го потврди континуитетот на Ванчо Михајлов во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски денеска го потврди континуитетот на Ванчо Михајлов на денешниот така наречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога зборува за 129 години, Мицкоски го опфаќа точно и периодот на Ванчо Михајлов.
Не само што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континутитет во своето делување со Ванчо Михајлов, туку и го величат неговото лик и дело.
Ванчо Михајлов беше соработник на Третиот рајх. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура со неговиот во музејот во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината. Мицкоски е предвоник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад.
Предводник на концетот за македонската европска иднина е Димитар Ковачевски, тој концепт значи членство во ЕУ до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Македонската иднина е европска!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
-
Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
-
Сончево и топло, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини