СДСМ: Мицкоски е разочарување, ако продолжи да пробува да ја блокира Македонија, следуваат избори
Идентично како неговиот претходник, Никола Груевски и Христијан Мицкоски ја срамоти Македонија во очите на демократскиот светот, се кара со најголемите стратешки пријатели на земјава.
Дали на Мицкоски му пречи поддршката на демократскиот свет, поддршката на Соединетите Американски Држави за Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО?
Се поочигледно е дека Христијан Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО!
Џабе се правда преку писма дека наводно е за НАТО и ЕУ, имаше можност Мицкоски тоа да го покаже пред референдумот, а тој дејствуваше спротивно од интересот на државата.
Еве и сега има можност да докаже дека е за НАТО и ЕУ и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како што целата јавност ги повикува, да ги поддржат уставните измени - но тој не го прави тоа.
Мицкоски покажува и основни непознавања на политиката. После 27 години во кои Македонија беше заглавена заради овој спор, после 11 години изолација, Мицкоски се дрзна да каже дека сега не е амбиентот?
Македонија и нејзините генерации немаат уште 27 години да чекаат на Мицкоски да му се погоди амбиентот.
Ако не го држи сеќавањето, Мицкоски нека ги погледнете снимките и фотографиите од лидерските средби на кои течеа консултации за ова важно прашање, ќе види дека и тој бил на тие средби, секако дека бил и информиран и консултиран. Но дали имал став Мицкоски на тие средби?
Христијан Мицкоски е разочарување!
Ако продолжи да се обидува да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори.
Граѓаните ќе ја донесат одлуката, со огромно мнозинство ќе победи опцијата за иднината, Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ново на Сител
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград
-
Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината