СДСМ: Мерењата потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше загадување
ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за загадувањето, откако 11 години систематски го зголемуваше со своите погубни политики, со сечење дрва, уништување паркови, проектот Скопје 2014, со лажниот барок, жалбите врби и палмите. Тоа е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за чистиот воздух.
Додека ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше загадување, централната власт и локалните власти на СДСМ изминатите години реализираа мерки за намалување на аерозагадувањето, како субвенционирање на инвертори, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, нови паркови, зелени покриви, замена на дел од прескапо платените кинески автобуси загадувачи, проектот за најеколошки БРТ превоз во Скопје.
Аерозагадувањето во изминатите четири години се намали 33%. Тоа се потврдува со бројките од мерењата на ПМ10 честичките на скопските мерни станици. Во 2015 година просечно имало 71.30, а во 2020 47,70. Максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките во јануари во 2015 година изнесувала 560, во 2017 508, а во 2021 година само 162.
Колку и да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги побијат и извртат бројките.
Тие покажуваат дека мерките за намалување на загадувањето на воздухот во времето на градските власти на СДСМ во изминатите години давале резултати, загадувањето на воздухот било намалено.
И наместо празни обвинувања, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ конечно треба да се фати за работа и да ги испорача ветувањата дадени на граѓаните, а не секојдневно да ги разорачарува.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи