СДСМ: Квотите за лекови се укинуваат, ја унапредивме здравствената заштита
Владата предводена од СДСМ продолжува со креирање и спроведување мерки кои се во интерес на граѓаните и ја унапредуваат здравствената заштита.
Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од први октомври, граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника метеж и чекање во редици пред аптеките.
Преку одговорни политики воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија.
Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести. Како никогаш досега, вложуваме во нови лекови за ретки болести.
За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, додека оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари.
Денес никој не чека лек ниту пак некој е надвор од регистарот.
Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните.
Ново на Сител
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април