Македонија
30. March 2024 - 16:39

СДСМ: Изборната програма на ДПМНЕ е за продолжување на блокадите

ДПМНЕ ќе трча на избори со истите луѓе кои го блокираа европскиот пат на земјата обвинува СДСМ. Истите пратеници се во трка за нов мандат а со тоа ВМРО ДПМНЕ покажале дека не се ниту за промени ниту за европска иднина.

СДСМ утре ќе ја презентира изборната програма на  коалицијата за Европска иднина. Каевски за Сител вели на овие избори најголем дел од пратениците за прв пат се наоѓаат на пратеничките листи, а се  лица кои што претходно извршувале  високи позиции во државата. Луѓе кои имаат сериозно искуство, се докажани и  кои што и понатаму ќе продолжт да ги спроведуваат социјал демократски политики и сето она на што се обврзале во изборната програма.

ДУИ организира голем собир вечерва на кој ќе потпишат коалициски договор со Зијадин Села од Алијанса за Албанците. Во европскиот фронт на ДУИ, Села ќе биде носител во ИЕ 5.

 Алијанса за албанците на овие избори со ист печат на партијата се подели на две крила, актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари се кандидираше за претседател и неговата партија настапува здружено со албанската опозиција. Од коалицијата ВРЕДИ носители на листите во областите ќе бидат сите лидери на политичките партии, Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење. Во ИЕ  1 Изет Меџити, 2ка Африм Гаши, додека Биљал Касами ќе ја предводи листата во 6та изборна единица.

На овие избори ќе настапи и коалицијата Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, а самостојно ќе ја бараат довербата од ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица. До 2 април е рокот за поднесување на пратеничките лисит.