Македонија
20. October 2017 - 13:00

СДСМ: Изборите беа фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот

Граѓаните на Република Македонија после догло време имаа можност да гласаат на фер и демократски избори по слободна волја и без притисоци.

Резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините, како изгледа Македонија кога се гласа слободно и кога во целост се почитува изборната волја на граѓаните.

Организирањето криминални избори и системската злоупотреба на државните институции и ресурси во партиски цели беа одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Наместо да бара апсурдни оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да да им честита на граѓаните за мирните, фер и слободни избори и да го признае изборниот пораз.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија