СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И по проширувањето на истрагата, едно е јасно: не се бара никаква одговорност од оние што кобната ноќ беа на функција во МВР, но и други институции кои морале и и имале должност да го превенираат настанот.
Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот.
Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите.
Да биде уште поцинично – дозволата за пиротехника, која е директна причина за пожарот, паѓа под МВР. Значи – пропустите на системот и превенцијата се целосно кај МВР и актуелното раководство од кое нема ниеден осомничен.
Тошковски со ваква истрага ги доуништува семејствата на загинатите. Трагедијата ја претвора во уште поголема трагедија.
СДСМ прашува гласно и јасно:
Зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага?
Зошто се гонат функционери кои тогаш воопшто не биле надлежни, а не оние што таа вечер требало да спасуваат животи?
Ова е класичен случај на политичко прикривање. Тошковски си ги штити своите. А јавноста гледа како трагедијата се претвора во уште поголема неправда.
СДСМ нема да дозволи оваа лага да стане вистина. Ќе се бориме за целосна и неселективна одговорност. Без разлика на функцијата, без разлика на партиската книшка.
Правда за Кочани значи одговорност за сите – особено за оние кои имале можност да спречат, а не мрднале со прст, стои во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност