СДСМ: Иницијативата за собирање потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи одржувањето на пописот, тој ќе се спроведе оваа пролет
По цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат
Конечно, како држава да имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој.
Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините.
Државата, инситуциите, пред се Државниот завод за статистика се подготвени да реализираат успешен попис.
Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД.
Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира.
Несериозно и крајно неодговорно.
Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис, само го зајакнува она што граѓаните веќе добро го знаат.
ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава.
Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон.
Отука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови.
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат.
Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации. По цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите