Македонија
28. March 2017 - 14:12

СДСМ и ДУИ во очај: Ништо од собраниското мнозинство

СДСМ и ДУИ се во очај откако во Собранието како бумеранг им се врати она што тие го правеа во минатите години.

Собранието треба да ја избере комисијата за избори и именувања, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дебатираат и го користат деловничкото право, па СДСМ и ДУИ не можат да го инсталираат Талат Џафери на претседателското столче.

СДСМ е партијата која на ист начин го блокираше донесувањето на буџетот пред неколку години. Тогаш пратениците на Заев дебатираа во матичната Комисија до бесконечност, откако претходно поднесоа илјадници амандмани на предлог Буџетот. 

Истата тактика ја користеше и ДУИ за да го блокира донесувањето на Законот за бранителите. Секогашниот кандидат на СДСМ, Талат Џафери молчеше во матичната комисија, читаше книги и поезија и правеше се за да го блокира донесувањето на Законот кој требаше да ги реши судбините на голем број семејства на македонските бранители.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник и можност дебатата да ја држи активна до крајот на летото. Потоа, истото може да се повтори и во Комисијата но и повторно на седницата кога на дневен ред ќе дојде точката на која ќе треба да се избере собранискиот претседател. Во ваква ситуација извесно е дека СДСМ и ДУИ ќе треба долго да чекаат за да го донесат во претседателската фотелја Талат Џафери.

Во таква ситуација, пратениците на СДСМ и ДУИ демонстрираат очај и нервоза, па од место се дофрлаат најразлични пцовки па дури и закани.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не решат поинаку, собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ не значи ништо.