Македонија
1. March 2019 - 14:08

СДСМ и ДУИ не го откриваат името на консензуалниот претседателски кандидат, Пендаровски со најголеми шанси

Лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети вечерва на свечена координација во скопскиот хотел Хилтон ќе го утврди заедничкиот кандидат за претседател на државата, потврдија за Сител двете најголеми владејачки партии СДСМ и ДУИ.

Името на консензуалниот претседателски кандидат сепак, ќе остане непознато до последен момент.

Неофицијално од владејачката СДСМ велат дека најголеми шанси да ја добиe довербата од Заев и Ахмети има Стево Пендаровски, а по него е Оливер Спасовски, но не исклучуваат да се излезе и со трето име, дознава Сител.