СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрлија, нема проекти само нови долгови
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрлија, нивното практикување на локалната власт во опшитините се сведува на неоговорност, неспособност, непотизам.
Граѓаните наместо проекти, добиваат само нови долгови и поскапи комунални услуги.
Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.
Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни.
Прилеп и Гевгелија се последните во низата општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои долгорочно ги задолжуваат граѓаните.
Во време на голема економска криза кога владата предводена од СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од шпицниот градоначланик Христијан Мицкоски удираат по џебот на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?