Македонија
18. July 2019 - 21:49

СДСМ ги охрабрува институциите во борбата против криминалот

Централниот одбор на СДСМ со Декларација го поддржува раководството на партијта и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

На вечерашната седница, информира партискиот секретар, Љупчо Николовски, едногласно била донесена декларацијата за јакнење на правниот систем во државата. 

-Последните случувања покажуваат дека постои нов механизам и целосна заштита на релацијата граѓани-обвинителство- МВР кој може да се справи со криминал и корупција, изјави Николовски. 

Тој не сакаше да коментира како ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителтво на утрешната лидерска средба не се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Да го почекаме утрешниот ден, да видиме дали тоа ќе се случи, рече Николовски и додаде секој поединец има политичка одговорност, а исклучително пратениците без разлика на нивната партиска припадност.

 

Зоран Јаневски