СДСМ: Фискалните сметки во рака за поврат на 15 пеоценти од ДДВ, од денеска стартува мерката, парите назад кај граѓаните
Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација .
Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ.
Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината.
Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет.
Едноставноста на постапката при користење на оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат преку соодветна апликација направена за таа намена.
По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард.
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето