СДСМ: Екстерното тестирање ќе биде укинато на првата владина седница
СДСМ денеска соопшти дека доколу добијат можност да ја формираат новата влада екстерното тестирање ќе го укинат на првата владина седница, како дел од пакетот реформи на партијата во образованието.
- Екстерното тестирање е еден од најлошите потези во образованието во Македонија, што не донесе никакви резултати во образовниот процес, освен што ги истрауматизира децата и учениците. Исто така, и служеше на досегашната неодговорна власт за притисоци врз наставниците и професорите, наведуваат од СДСМ.
Од партијата најавуваат квалитетно образование преку примена на успешен европски модел.
- Ќе го намалиме бројот на предмети со коишто се сега непотребно преоптоварени учениците. Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитена настава. Ова се само дел од реформите во образованието што ќе ги направиме. Нашата цел е да создадеме успешен и стабилен образовен систем, заинтересирани ученици, мотивирани наставници и професори, спокојни родители, стои во соопштението.
Воедно, за сите реформи во образованието наведуваат дека ќе водат јавна расправа и консултации со сите засегнати страни во образовниот процес.
- Граѓаните затоа го поддржаа Планот за живот и гласаа за промени. Наша задача и обврска е од училишните и студенстките клупи да излегуваат успешни млади луѓе, конкурентни на пазарот на трудот, со желба да живеат и да работат во Македонија. И ќе го направиме. За тоа е потребна нова одговрна Влада на граѓаните на Република Македонија. Доаѓа живот! Во 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме, се наведува во соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството