Македонија
18. јуни 2016 - 15:35

СДСМ: Битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка

Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Битола порача дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара, а тоа, како што рече, важи и за градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Според Кирацовски, правната држава во Македонија мора да профункционира, а битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка.

- Наивно е ако ВМРО-ДПМНЕ мислат дека нема професионално да проработи Специјалното јавно обвинителство, формирано со целосен политички консензус, вклучувајки ја и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини, да си поднесе неотповиклива оставка. Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, да  не си го валкаат образот за криминалци. Правдата на голема врата доаѓа за сите нас кои искрено си ја сакаме државата и тоа е веќе незапирлив процес, истакна Кирацовски.