Македонија
3. February 2022 - 9:04

СДСМ: Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Поминаа три месеци од мандатот на градоначалничка на Скопје Данела Арсовска која се фали за поставување на мобилни тоалети како нејзин проект и една нивелација на шахта.

 На целата јавност и стана јасно, Данела Арсовска е убедливо најнеуспешниот градоначалник којшто некогаш го имал Скопје.

 Арсовска нема реализирано ништо од дадените ветувања пред граѓаните.

 Во кампања вети дека ќе стави крај на дивите депонии и дека ќе го ревитализира просторот во чиста зелена површина. Но, три месеци од нејзиниот мандат, депониите се стојат, а градот не се чисти.

 Бесплатен превоз нема, напротив, воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.

 Не направи ниту пет нови мега паркови ниту пак обезбеди ниту помош за скопјани во услови на енергетска криза.

 Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ вети и професионализација на администрацијата, но спроведе груба партизација, полнење на установи и претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.

 Граѓаните сведочеа само прекинување на готови проекти како оној за Бас рапид транзит, поништување огласи за пожарникари.

 Арсовска работи исклучиво на штета на граѓаните и свесно го кочи напредокот на Град Скопје.

 

Центар за комуникации со јавност на СДСМ