СДСМ: Анти-логика, Мицкоски е против подобар предлог од Резолуцијата на ЕПП што ја прифати
Деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика.
Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ.
Во предлогот е јасно наведено дека имаме чист македонски јазик, дека идентитетските прашања се заштитени, а историските прашања се надвор од преговарачкиот процес.
Истиот тој Мицкоки пред само некој месец премолчено се сложи на Резолуција на Европската народна партија каде беа содржани сите бугарски барања, а Резолуцијата беше усвоена на конгрес каде Мицкоски беше и лично присутен.
Сето ова само покажува дека Мицкоски ниту има ниту имал ниту ќе има чувство за државност и за политичка одговорност во важни процеси.
Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес.
Мицкоски само сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживее некаков неуспех, да биде заглавена, а тој некако да успее политички да профитира од сето тоа.
Ново на Сител
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа