СДСМ: „Активната блокада“ издиша, Мицкоски ја замени со протест за месец од сега
Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега.
Тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест доволно говори за проблемите што тој ги има за да ја зачува фотелјата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот е демократско и уставно загарантирано право, но прашањето на изборите е затворено.
Парламентарни избори ќе има во 2024 и на тие ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат поразени, а претходно, ќе изгубат и на редовните претседателски избори исто така во 2024 година.
СДСМ заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство ќе ги порази сите форми и блокади на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи со реализација на мерки и политики кои им помагаат на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од најголемата светска економска криза.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани