СДСМ: 19.000 тутунари добиваат поддршка од 300 милиони денари
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците.
Започна исплатата на финансиската поддршка кон тутунарите како дел од пакетот поддршка за намалување на последиците од пандемијата.
Над 19.000 тутунари добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.
Станува збор за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора клас и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.
Претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата, за тутунарите, во услови на здравствена и економска криза, успешно реализираше две милијарди денари финансиски средства.
Помина времето кога тутунарите беа оставени сами на себе, кога трпеа притисоци и кога мораа својот тутун да го даваат за екстремно ниски цени.
Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме домаќинска и отворена партија, затоа што водиме грижа за сите.
СДСМ останува посветена на грижа за земјоделците, тутунарите и за сите граѓани во државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар
-
Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци
-
Германската полиција застрела вооружен маж