СДП ја предложи Севил Шајдех за мандатар на новата романска Влада
Романската Социјалдемократска партија, победникот на изборите од 11 декември, за функцијата премиер ја предложи Севил Шајдех (52), поранешен регионален министер, јавија британските медиуми.
Предлогот беше даден денеска по консултациите меѓу претседателот Клаус Јоханис и делегациите на Социјалдемократската партија (СДП) и Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ).
на Почетокот на оваа недела двете политички партии се договорија за коалициско владеење.
И покрај тоа што СДП убедливо ги доби парламентарните избори, лидерот на партијата Ливиу Драгна не може да конкурира за премиерската функција затоа што има условна казна поради изборни злоупотреби.
По консултациите во кабинетот на претседателот на државата, Драгна изјави дека нема да даде друг предлог за нов мандатар за состав на новата Влада, во случај претседателот да се откаже од номинацијата на Севил Шајдех.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста