Саудиска Арабија може да ја снабдува Бугарија со гас и нафта
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков и амбасадорот на Саудиска Арабија во Софија Халид бин Камал Факих разговарале за билатералната соработка во енергетскиот сектор, соопшти прес-службата на Министерството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Саудиска Арабија е подготвена да испорача нафта и природен гас во Бугарија.
Главен фокус на нивната средба била подготвеноста на саудиската страна за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката.
Министерот Милков му се заблагодарил на амбасадорот и истакнал дека треба заедно да се проучат методите и средствата за реализација на ваква испорака.
Двајцата разговарале и за партнерство во области како што се економијата, инвестициите, земјоделството, туризмот, одбраната, високите технологии и здравството.
Истовремено, заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев се сретна со амбасадорот на Азербејџан во Софија Хусеин Хусеинов. Покрај 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Бугарија и Азербејџан, двајцата разговарале и за улогата на Баку во енергетскиот сектор на Софија.
Според Коџабашев, Азербејџан е приоритетен партнер на Бугарија во Јужен Кавказ и во поширокиот регион на Црното Море, а особено во областа на енергетската диверзификација. Тие разговарале и за посетата на претседателот на Азербејџан Илхан Алиев на Бугарија на есен.
Ново на Сител
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани