Свет
14. October 2016 - 10:19

Саркози под стрес при соочувањето со „тивката сила“ на Жипе

Тешко е да се каже кој е победник, а кој губитник на првата телевизиска дебата во пресрет на првите прелиминарни избори за претседателски кандидат на десницата во историјата на Франција, што се одржа синоќа на првиот француски телевизиски канал.

- Ќе се одморам, изјави еден од кандидатите, поранешниот премиер и министер за надворешни работи Ален Жипе неколку дена пред првата дебата. - Оваа дебата нема да промени ништо, тврдеше еден од неговите приврзаници, во услови кога Жипе е фаворит на анкетите за претседателски кандидат на десницата, наспроти возбудата и нервозата кај привразниците на Никола Саркози.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, уште од првите минути на дебатата се чувствуваше стресот на поранешниот шеф на државата Саркози, кој се повеќе и повеќе заостанува во анкетите. Со стегнати вилици и остар поглед, Саркози, сместен меѓу противкандидатите Натали Коисцико Моризе и Жан-Франсоа Копе, уште пред да добие збор, покажа физички знаци на анксиозност.

Од друга страна, Жипе својата воведна порака ја изрече со смиреност, сакајќи да ја докаже и покаже „неговата врска со теренот и вистинските луѓе“.

- Уште пред две години, отидов меѓу моите сонародници за подобро да ги сфатам нивните проблеми и недоразбирања. Сакам да се врати авторитетот на власта на државата и достоинството на претседателската функција, сакам силна држава која штити ефикасно, сакам да се елиминира заканата од масовна невработеност, да се отстранат бариерите за отворање нови работни места од страна на компаниите, рече Жипе.

Одговорот на на вторпласираниот во истражувањата на јавнито мислење, Саркози, беше дека тоа биле добри ставови на неговиот поранешен министер за надворешни работи.

- Владеевеме заедно пет години, рече Саркози фрлајќи им в лице на своите конкуренти еден вид на закана дека сите се одговорни за лошите резултати на неговиот претсеталски мандат.

Ваквата шпрака на Саркози имаше за цел да покаже дека речиси сите негови канидатите бил на клучните позиции за време на неговиот мандат во во Елисејската палата. - Со (уште еден од кандидатите) Франсоа Фијон ги реформиравме пензиите во 2010 година, рече Саркози.

Дебатата, во која според француските медиуми, победник бил Алан Жипе, веќе ги утврди позициите гласањето кон средината на ноември за тоа кој канидат ќе ја претставува умерената десњница и центарот на претседателските избори во 2017 година,

Аналитичарите проценуваат дека не е изненадување што Жипе слично како и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, се претставува како „тивка сила“ и обедиунувач на десницата и како единствен кандидат кој може да ги привлече гласовите на центарот и на левицата, манифестирајќи смиреност и надеж за обединување.

- Се обидувам да обединам, се надевам дека прелиминарните избори ќе бидат широко популарни. И ако разочараните од (претседателот Франсоа) Оланд сакаат да ни се придружат, тие се добредојдени, рече Жипе како одговор на контроверзата дека гласачи на левицата ќе гласаат на прелиминарните избори на десницатам за да му го оневозможат Саркози да ја освои номинацијата.

Што се однесува до Саркози, тој играше на неговите очигледни предности; енергичноста и искуството, повтрувајќи го она што посотјано го говори дека „Франција повторно ќе стане голема нација", дека ќе се залага за „борба против социјалното назадување" и дека ќе биде „претставник на тивкото мнозинство".

И Саркози и Жипе во текот на дебатата не преземаа никакви ризици, а форматот на дебата - со кратко време за одговори на прашањата - не остави простор за големи полемики.

Во првиот дел посветен на економијата, Саркози (64) се обиде да промовира некои шок-формули, тврдејќи дека тој „не е опседнат со 39-часовна работна недела“, но со оглед дека економската политика не е многу различна меѓу канидатите од десницата, тешко дека на тој план некој може да стекне предност пред другите.

Жипе (65) ја потврди неговата желба да „се регенерира синдикалниот живот“ и да се применуваат постепено намалување на бенефициите за невработеност од 1 јануари 2019 година, што не е ништо револуционерно за кандидатите на умерената деснцица.

Само во вториот дел од дебатата кога стана збор за идентитетот и безбедноста имаше пожестока размена на пораки. Саркози нагласи дека „кој нема да го почитува законот за бурките ќе му биде одземен семејнииот додаток“ и дека „бурката е средновековна визија на женското тело“. На тоа Жипе одговори дека неговата „визија е за француско општество што ќе ги почитува различностит... и ќе го зајакнува она што е заедничко“ за сите. - Сакам да ве поведам на патот на надежта на една моќна Франција... Убеден сум дека ако се направат потребните големи промени, Франција повторно ќе стане земја каде што животот е добар, рече Жипе.

И покрај нивните разлики во пристапот, Жипе и Саркози се трудеа да не се конфронтираат и да не се прозиваат, иако во изјавите што ги даваат во медиумите често се критикуваат.

По повеќе од два часа од телевизиска, очигледно се поставува прашањето дали таа смени нешто во определбите на гласачите.