Саркози побара замрзнување на Шенгенскиот договор заради миграциската криза
Поранешниот француски претседател Никола Саркози побара преуредување на Шенгенскиот договор, што на луѓето им овозможува слободно движење, без пасошки проверки, низ 26 европски земји, аргументирајќи дека миграциската криза во Европа го направила неприменлив, пренесоа британските медиуми.
Конзервативецот Саркози, кој веројатно повторно ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година, за весникот „Фигаро“ кажа дека центрите за обработка на барањата за азил треба да се формираат надвор од ЕУ.
Тој го обвини францускиот претседател, социјалистот Франсоа Оланд, дека заради својот лидерски ангажман Франција ќе прифати 24. 000 мигранти од луѓето кои бегаат од земјите како Сирија, Ирак и Авганистан.
-Шенген веќе не функционира. Тоа никој не може да го негира. Треба трезвено да ги процениме нештата и да си ги прифатиме последиците, ако привремено го преиначиме слободното движење на неевропските граѓани во Шенген просторот, изјави Саркози, кој е лидер на десноцентристичката опозициска партија „Републиканци“.
Патувањето меѓу различни европски земји без гранична контрола е едно од постигнувањата со кои ЕУ најмногу се гордее, но системот е подложен на тензии откако десетиците илјади мигранти и бегалци, кои пристигнаа во јужна Европа, почнаа да го користат за да патуваат на север кон побогатите земји, како Германија, забележаа британските меидуми.
Саркози, кој беше француски претседател од 2007 до 2012 година, изјави дека ЕУ прво треба да изработи зедничка политика за мигрантите. Воените бегалци треба да се прифатат само привремено и да бидат вратени назад во нивните земји штом завршат конфликтите во нив. Тој побара да се изготви политика, која ќе прави разлика меѓу политички бегалци, кои можат да добијат 10-годишни визи, воените бегалци, кои ќе добијат привремени престојувалишта, и економските бегалци, кои, според него, земјите како Франција повеќе не можат да си дозволат да ги примаат.
Ново на Сител
-
Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
-
Жените недоволно застапени во високото образование
-
Рама за апсењето на Велиај: Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-
Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците
-
Во престрелката во Чаир учествувале повеќе лица, обезбедени се и снимки од видео надзор
-
Ова е убиениот 35-годишник вчера во Чаир, син на поранешен функционер на ДУИ
-
Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат, детали за убиството во Чаир