Министерството соопшти дека саркофагот е донесен пред 3 дена од југот на Египет до музејот на реставрација и тоа првпат од откривањето на гробницата.
„Ковчегот претрпе многу оштетувања, вклучувајќи и пукнатини во златните слоеви од гипс и општата лоша состојба на златните слоеви“, изјави Еиса Зидан, шеф на Оддлението за реставрација во музејот и додаде дека реставрацијата ќе трае околу 8 месеци.
Египет и претходно најави дека новиот музеј официјално ќе биде отворен до крајот на 2020 година. Градењето траеше 15 години, а делумно беше финасирано од Јапонија.
Гробницата на кралот од 18. династија во Колината на кралевите во Луксор ја откри британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година. Гробницата беше недопрена и во неа се наоѓаа околу 5.000 артефакти.