Македонија
13. January 2021 - 20:55

Сарај бара да се расчистат приколките од езерото Треска - камперите негодуваат

По долги години камперите покрај езерото Треска се избркани оттаму. Општина Сарај им дава рок од два месеци за да се иселат. Камперите се револтирани и не сакаат да ги преселат приколките.

Камперите, кои со години се закупци и самите инвестирале за да имаат вода и струја, велат дека ќе ги преземат сите правни дејствија за да не се селат оттаму.

Од Општина Сарај велат дека имаат други планови, со кои езерото Треска повторно ќе стане туристичка област. За да се случи тоа, најпрво треба да се исчисти делот, за потоа да се направи конкретен план што ќе се гради таму.

Покрај езерото има над 500 камп приколки, од кои само половината се активни.