Сараево денеска повторно град со најзагаден воздух во светот
Сараево денеска повторно го достигна врвот на листата на градови со најголема загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите низ светот.
Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата што укажува на „многу нездрав воздух“.
Но, концентрацијата на микро честички од прашина со ознака ПМ 2,5 истовремено била во категоријата означена како „опасна“ по здравјето бидејќи била 37 пати поголема од дозволеното.
Поради овие податоци, во главниот град на Босна и Херцеговина во сила се предупредувачки мерки, кои дополнително треба да значат забрана за оптек на возила со застарени мотори, но тоа речиси никој не го почитува.
Втор на листата на градови со најзагаден воздух денеска е пакистанскиот Лахоре каде индексот на загаденост е означен со индекс 222, додека на второ место е српската престолнина Белград.
Град кој утрово имаше најчист воздух на светот е американскиот Сан Франциско, каде овој индекс беше нула.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски