-->
-->
Сантос: Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија заразени со вирусот Зика
-->
Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот Зика, што се пренесува преку убод од комарци, информира претседателот на оваа земја Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка.
Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била пренесувана на ТВ.
Вирусот Зика е поврзан со тешко оштетување на мозокот на новороденчињата - микроцефалија, која спречува мозокот на фетусот нормално да се развива, а засега не постои вакцина или лек.
-Засега во Колумбија нема забележени случаи на микроцефалија поврзани со Зика, рече Сантос.
„Предвидувањата се дека можеме да имама 600.000 случаи“, рече тој .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов