САМС: Во Сирија имало 161 напади со хемиско оружје
Најмалку 161 напади со хемиско оружје се извршени за време на војната во Сирија, која почна пред пет години. Во најмалку 161 напади со хемиско оружје до крајот на 2015 година загинале 1.491 лица, се наведува во извештајот на oрганизацијата Сириско-американско медицинско општетство (САМС).
Организацијата наведува дека нејзиното истражување претставува најдетално документирање на нападите со хемиско оружје во Сирија досега и апелира до Советот за безбедност на Обединети нации и до меѓународната заедница брзо да ги идентификуваат сторителите и да побараат одговорност.
Сириската Влада е обвинувана за употреба на хемиско оружје против сопствениот народ, дури откако СБ на ОН во 2013 година нареди да биде укината нејзината програма за хемиско оружје. Минатата годиона СБ исто така ја осуди употребата на хлор. Сириската Влада демантира дека употребувала хемиско оружје.
Ново на Сител
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода