Македонија
4. November 2016 - 8:48

Самостојна изложба „Скршнувања“ на Ване Костуранов

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена самостојна изложба на струмичкиот сликар Ване Костуранов, насловена „Скршнувања“.

Циклусот „Скршнувања“ е насочен кон истражување на непознатите места, предели, светови… до кои се стигнува единствено доколку се заталка надвор од познатото, надвор од просторот заробен од одредници, што, пак, е првиот чекор во авантурата на секое патешествие: физичко, ментално, уметничко, лично…

Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 11 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.