Самостојна изложба на Ацо Станкоски во МКЦ
Самостојна изложба на мултимедијалниот уметник Ацо Станкоски вечер ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар.
Александар Станкоски е роден во Кичево во 1959 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1985 година. Тој е мултимедијален уметник, фокусиран на сликарство, стрип, перформанс, видео уметност и филм. Пишува есеи, раскази и текстови, кои реферираат на историјата на уметноста и социологијата. Имал самостојни изложби во Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци, Загреб, Келн, Бреда, Њујорк, Сан Франциско и Монтереј и учествувал на значајни меѓународни групни изложби и филмски фестивали.
Околу синопсисот на своите дела на тематика „Театар“, Станкоски вели дека театарот отсекогаш бил голема инспирација за сликарството. - Не само што сликарството често пати играло значајна улога во организирањето на сценографиите и амбиентот, да се сетиме само на Пикасо, Миро или Марк Шагал, кои често пати беа интегрирани во авангардните претстави на париската сцена, но исто така, самиот театар, како уметнички феномен бил предмет на интерпретација и тема на бројни сликарски ремек-дела, како оние на Антоан Вато, Дега или Тулуз Лотрек, посочува Станкоски.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче