Живот
25. January 2017 - 15:56

Само во Русија: Погледнете необичен метод за влечење на автомобил

Веројатно една од најнеобичните методи за влечење на автомобил кој досега не бил виден е снимен во Русија, од каде што доаѓа видеото во кое  еден автомобил со браникот го турка  другиот автомобил, а резервната гума спречува оштетување на двата автомобили.

Бестрашниот Русин, со цигара во устата, седи во отворениот багажник, држејќи ја гумата пред браникот за да не може автомобилот да се оштети, пишува „Дејли Мејл“.

Неговото ноншалантно однесување го прави како да извршува некоја секојдневна рутинска работа, што ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.