Само по електронски пат досега ВМРО-ДПМНЕ добила 1.200 идеи
ВМРО-ДПМНЕ денеска им се заблагодари на граѓаните кои изминатите четири дена одлучиле да ја поддржат кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ и до партија ги доставија своите сугестии, идеи и мислења во разни области.
- Секоја идеја на граѓаните поединечно ќе биде анализирана и разработувана од страна на стручни тимови на партијата. Досега само по електронски пат на специјализираната интернет страна www.vmro-dpmne.org.mk и e-mail адреса ideja@vmro-dpmne.org.mk пристигнаа над 1.200 предлози, а стотици други се доставени по писмен пат на штандовите кои деновите беа распоредени во повеќе градови и во партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, се наведува во соопштението од партијата.
Најголем дел од идеите, како што се наведува, се однесуваат на прашања поврзани со подобрување на економско-социјалната состојба, земјоделието, на подобрување на животот на младите, екологијата, како и за други области.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш го ценела мислењето на граѓаните, а за тоа говори и реализацијата на голем број проекти кои произлегле токму од идеите на граѓаните.
Легализацијата на дивоградби за по едно евро за метар квадратен,
увоз на половни автомобили, откуп на дворно земјиште за едно евро метар квадратен, се само дел од идеите што биле реализирани, а се предлог на граѓани.
- Во Битола изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, изградба на Градското шеталиште и градскиот парк, во Гевгелија изградбата на театарот, како и изградба на атмосферска канализација на улица 7 Ноември, во Радовиш како резултат на предлог на граѓанин е изградбата на ново основно училиште „Никола Карев, во Прилеп како резултат на предлогот од граѓани се изгради плоштадот Александрија и новата спортска сала во О.У. Ѓорче Петров, во Кавадарци изградбата на подрачно основно училиште во село Глишиќ и изградбата на нов градски плоштад, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Наредната недела продолжуваат активностите за собирање на идеи, а од среда четирите партиски тима ќе присуствуваат на трибини низ градовите каде што и дирекно ќе се дискутира со граѓаните околу нивните идеи кој би влегле во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа