-->
-->
Само 21 отсто од домашните компании што имаат веб страници овозможуваат он-лајн продажба
-->

Околу 49 отсто од деловните субјекти во Македонија имаат веб-страница. Од нив 80 проценти нудат опис на производите/услугите и ценовници, 59 отсто наведуваат линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 отсто обезбедуваат он-лајн нарачување или резервирање.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на податоци од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет, преку фиксна или мобилна конекција, имале 91,2 отсто од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап до интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 63 проценти од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет преку преносливи уреди ноутбук, лаптоп, смартфон, телефон PDA,... за деловна намена користеле 14,5 отсто од вработените во деловните субјекти, додека 54,2 процента користеле социјални медиуми, Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki,..., односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.
Во 2016 година, 10,3 отсто од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени воделе е-трговија, купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (веб или EDI). Притоа, е-продажба реализирале шест проценти, а е-купувања 5,8 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол
-
Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут
-
Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-
Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО
-
Додик осомничен за купување на вила на Дедиње во Белград
-
Предложен притвор за жител на Петровец кој ги нападнал своите родители
-
За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството