Самитот за формализирање на договорот за Брегзит на 25 ноември
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потврди утрово дека Европскиот совет за Брегзит ќе се одржи на 25 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.
Постигнатиот договор за напуштањето на Велика Британија на ЕУ, кој содржи речиси 600 страници, треба сега да биде разгледан од страна на земјите членки на Унијата, објасни Туск.
Во наредните денови амбасадорите ќе ги споделат гледиштата на земјите членки за договорот. Членките имаат 48 часа да го евалуираат договорот, а до четврток треба да завршат со оваа работа, порача Туск кој изрази надеж дека „нема да има премногу коментари“. Доколку не се случи „ништо вонредно“, Самитот за формализирање и финализирање на договорот за Брегзит ќе се одржи в недела наутро, на 25 ноември, изјави Туск.
-Колку и да ми е жал што си заминувате, им порача Туск на Британците, ќе направам сѐ што можам да го направам ова заминување најмалку болно што може, изјави претседателот на Европскиот Совет.
Тој рече дека главниот преговарач од страна на ЕУ, Мишел Барние успеал да ги одбрани европските интереси и да ја ограничи штетата од одлуката на Велика Британија да ја напушти Заедницата.
– Не го споделувам воодушевувањето на британската премиерка Тереза Меј за постигнување прелиминарен договор. За мене, двете страни губат, коментира Туск.
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани