Самитот на ЕУ, по маратонските разговори во текот на ноќта, продолжува и денеска
Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.
По вчерашните осумчасовни разговори и консултации во различни формати, на третиот ден од самитот, лидерите на ЕУ 27синоќа повторно се собраа на пленарна, заедничка работна вечера, за да направат 45-минутна пауза пред полноќ.
Иако беше најавено дека заедничката расправа на сите 27 претседатели и премиери на ЕУ за пакетот за закрепнување ќе започне уште во недела напладне, се до вечерните разговорите се одржуваа одделно, како меѓу претставниците на земјите-членки, така и со посредство на претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел.
Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел разговараа за пакетот вреден 1,824 милијарди евра, што вклучува повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за заздравување (750 милијарди евра).
Досега не е постигнат договор ниту за големината на пакетот, ниту за односот на неповратната помош и заемите на кои земјите-членки можат да сметаат од фондот за закрепнување, како и за условите за управување со парите.
Како што пренесуваат странските агенции, разговорите ќе продолжат денеска околу пладне.
Баренд Лејтс, портпарол на домаќинот на состанокот и претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Твитер напиша дека 27-те лидери, по разговорите во текот ноќта, ќе продолжат со дискусиите во помали групи.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот