Свет
25. August 2015 - 8:52

Салвадорскиот Врховен суд ги прогласи уличните банди за терористички групи

Врховниот суд на Салвадор ги прогласи уличните банди во земјата за терористички групи.

Судот соопшти дека познатата улична банда Марасалватруча (МС-13) и секоја друга група, која се обидува да ги преземе надлежностите на државата, ќе се смета за терористичка организација. Како тероризам судот ја определува организираната и системска употреба на насилство.

Главниот обвинител на Салвадор вчера изјави дека 14 членови на улична банда биле убиени во затвор во западниот дел од земјата по наредба добиена од друг затвор, кој се наоѓа во источниот дел на Салвадор. Затворениците биле задавени или прободени со нож.