Свет
3. November 2019 - 8:33

Салвадор им нареди на венецуелските дипломати да ја напуштат државата

Салвадор им нареди на дипломатите oд Венецуела да ја напуштат државата за 48 часа.

Владата на Салвадор соопшти дека таа одлука е во согласност со нивната позиција дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е нелегитимен.

Во соопштението се нагласува дека тие го признаваат лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо како привремен претседател до одржување предвремени избори во таа држава од Јужна Америка.