Македонија
31. January 2022 - 13:12

Сали: Нема потреба од укинување на сертификатите

Министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се укинуваат сертификатите, рече дека засега нема потреба.

- Засега не. Според епидемиолошката состојба во државата многу мал број се вакцинирани се уште го тераме пикот, благо покачување но се уште продолжува пикот на четвртиот бран, не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивни мерки, кажа Сали.