Сакаше да направи совршена фотографија, а за малку ќе останеше без рака: Никогаш повеќе нема да го направам ова!
Дека поради добра Инстаграм фотографија некои девојки би направиле се, доказ е оваа несреќна девојка која во текот на сликањето за малку ќе настрадаше.
Катарина Зарутски е 19-годишна студентка која се занимава со манекенство од 14 години. Сака да патува и да дели совети на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 13.000 луѓе.
Пред околу месец дена со момчето била на Бахамите. Таму забележала морски кучиња, со кои веднаш посакала да заплива, со оглед на тоа „дека гледала вакви ситуации на Инстаграм многу пати“.
Пливањето со морски кучиња обично е „безопасно за луѓето“, пишува на сајтот Exuma Online, кој ги нуди како „единствена можност во животот“. Катарина не сакала да ја пропушти приликата, иако семејството на нејзиното момче било скептично.
Влезе во вода, а кратко потоа морско куче ја гризна за рака и ја повлече под вода каде била заробена неколку секунди. Катарина вели дека останала смирена, и брзо ја извлекла раката од вода за крвта да не ги привлече другите морски кучиња.
Рече дека била исплашена, но и знаела дека мора да се смири ако сака да излезе на сигурно. Кога излегла од водата, била многу благодарна што морското куче ја каснало само за рака. „Среќна сум што уште имам рака“, рече таа.
За инцидентот Катарина ја извести јавноста во понеделникот, но се најде на мета на хејтери, па го деактивираше Инстаграм. Раната на Катарина и е зашиена и пие антибиотици, а во раката и натаму има остатоци од забот на ајкулата.
Вели и дека знае дека морските кучиња не направиле ништо лошо. „Тие се диви животни“, вели и додава дека тоа и било голема лекција.
„Име препорачувам на луѓето да бидат внимателни“, заклучува таа.
Ново на Сител
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите
-
Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави
-
Разрешен шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов
-
Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија
-
Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
-
Џафери: Албанците систематски се исклучуваат од Министерството за одбрана и Армијата
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик