Џет-Сет
27. November 2015 - 10:27

Сајантолозите не му даваат на Том Круз да се гледа со Сури веќе две години

Американскиот актер Том Круз не се труди да биде дел од секојдневниот живот на малата Сури, тврди таблоидот National Enguirer, кој пишува дека Круз (53) од ќерката Сури (9), го оддалечила Сајентолошката Црква, затоа што девојчето претставува „потенцијален извор на проблеми“.

Всушност, им пречи фактот што поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, актерката Кејти Холмс (36) е противник на нивната црква.

Актерот својата ќерка не ја има видено повеќе од две години.

Медиумите неодамна пишуваа дека Кејти се подготвува на суд да побара поголема алиментација за Сури, бидејќи наводно, девојчето навикнало на луксузен начин на живот.