-->
-->
Саем за традиционална македонска храна и активен туризам
-->
Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што ќе се одржува денеска и утре во Рамстор Мол.
Како што најавуваат организаторите, на саемот ќе може да се купат крушевски домашни џемови и овошни локуми, велешки органски мед, зелено вино од Кавадарци и уште најмалку 30 производи кои не се редовно достапни во Скопје.
Посетителите воедно ќе имаат прилика да се запознаат и со богатата туристичка понуда на Македонија, како и да резервираат една од многуте авантури - планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник,...
Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!