Саем на книга на „Матица македонска“ во Штип
По повод 25 години од основањето на „Матица македонска“, од денеска до 13 март во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржат Саемски денови на македонската книга.
На љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на Матица.
Ќе бидат организирани промотивни активности на дел од истакнати македонски писатели со нивните најнови дела - Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Борче Панов, Доне Донев, Благој Самоников...
- Со организирањето на овој културен настан, „Матица македонска“ во соработка со Домот на културата, библиотеката „Гоце Делчев“ и книжарницата „Мист“ од Штип ја продолжува традицијата за приближување на македонската книга до читателите во нашата татковина, информира „Матица“.
Најавено е Саемот на книгата да го отвори градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, а во чест на оваа манифестација со свои стихови ќе настапат десетина истакнати македонски писатели.
Ново на Сител
-
Пожар во Визбегово - гори отпад
-
Антонио Пандовски трча 600 км до Острог: За децата од Клиниката и свесност за попреченост
-
Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан
-
Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа
-
Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор над фабриката Самоков
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц