Садик Кан со барање жителите на Лондон да го задржат европското жителство
Лондончани се скршени во срцата после брегзит и треба да им биде дозволено да го задржат своето европско жителство, изјави градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан.Тој ја повика Владата да им дозволи на сите британски граѓани да имаат „придружно жителство“ на ЕУ. Тоа ќе им овозможи да задржат голем дел од своите права со кои располагале пред Велика Британија да ја напушти Унијата, вклучително и правото за слободно движење во рамките на ЕУ.
Пред неговата посета на Брисел денеска, Хан рече: „Како и многу Лондончани, јас сум скршен во срцето затоа што веќе не сме членки на Европската унија, но тоа не значи дека иднината на земјата не може да биде тесно поврзана со остатокот од Европа “.
– Премиерот рече дека негова работа е да ја обедини земјата и да не придвижи напред, и не можам да замислам добар начин да го премотам јазот меѓу британските гласачи кои сакаа да излезат и милионите лондончани и британски граѓани кои продолжуваат да се сметаат себеси и сакаат да бидат Европејци. Ќе има поддршка од милиони лондончани и Британци кои се шокирани кога ги изгубиле своите права како европски граѓани. Како што започнува следната фаза од преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ, сакам оваа тема за придружно жителство да биде во фокусот на дискусиите за нашите идни односи.
Кан ќе се состане со бриселскиот преговарач за брекзит, Мишел Барние и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, за време на неговата посета на белгискиот главен град денеска.
Идејата за европско жителство ја одобри поранешниот претседател на раководната група на ЕП за брегзит Ги Верхофштад.
Ново на Сител
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело