Свет
11. November 2016 - 21:11

САД заинтересирани за законот за малцинствата во Албанија

Прашањето за третманот на малцинствата во Албанија беше дел од денешната работна агенда на амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу.

Како што јави дописникот на МИА, тој се сретна со претседателката на владиниот Комитет за национални малцинства, Константина Бежани, со цел да се запознае со текот на подготовката на законот за малцинства.

Амбасадорот Ли на средбата со членовите на Комитетот, кои се петставници на сите етнички заедници кои живеат во Албанија беше информиран за состојбата со малцинствата, за новните проблеми во областа на образованието и локалната власт, како и за други прашања поврзани со припадниците на малцинските заедници. Тој од своја страна понуди поддршка за надминување на проблемите на малцинствата.

За состојбата на припадниците на македонското малцинство говореше членот на Комитетот, Нико Китани. 

Инаку, почитувањето на правата на малцинствата е еден од петте клучни приоритети за отворање на преговорите за членство на Албанија во Европската унија.

По силните притисоци од меѓународната заедница и албанскиот народен правобранител, албанската Влада одлучи да подготи закон за малциснтва.

Ваков закон Албанија донесува првпат. Најавувајќи го неговото донесување, албанскиот премиер Еди Рама рече дека тој ќе биде според највисоките европски стандарди.